Супер вести пристигаат на последниот ден од 2021! Премиерот во заминување Зоран Заев се пофали дека познат богаташ од Лапонија ќе инвестира во земјава!
Според Заев, богаташот од Лапонија чекал да се решат последните 64254 проблеми во земјата, а веднаш потоа решил да инвестира.
"Навистина сум горд и пресреќен да ви кажам дека богаташ со име Дедо Мраз ќе инвестира во земјава! Неговите инвестиции ќе пристигнат ноќта кога 31.12 станува 1.01, а тие инвестиции ќе се исполнат само ако спиете. Не одмараме со странски инвестиции дури и тогаш кога сите други не работат! Еден чекор поблиску и до други странски инвестиции! Ќе биде!" - изјави Заев.