Лидерот на СДСМ - Зоран Заев, изјави дека ја подржува LGBTQQIP2SAA+ заедницата и дека тие ја имаат целата поддршка од страна на СДСМ.
Смета дека конечно е време да се легализираат геј бракови во нашата држава и вети дека тоа ќе го направи ако дојде на власт.
"Ние ги поддржуваме сите луѓе во LGBTQQIP2SAA+ заедницата. Сметаме дека во 21 век нема простор за поделби и омраза. Сите ние сме живи суштества и не треба да се мрази некој само поради тоа што е различен од вас. Затоа, цврсто велиме, кога ќе падне оваа власт и кога ние ќе победиме на следните избори - дефинитивно ќе ги легализираме геј браковите! Така навистина ќе покажеме дека не го велиме ова ради реда туку дека и навистина се грижиме за оваа заедница! Заедно ќе ја оствариме оваа цел, но само ако гласате за нас на следните избори и ни помогнете да падне оваа криминална власт!" - изјави Заев.
Кога го потсетивме дека тој е на власт и дека навистина се грижел за хомосексуалците во Република Македонија тој едноставно до сега би можел да ги легализира геј браковите, господинот Заев кажа:
"Луѓе. Ве молам. Да го баталиме минатото. Да гледаме напред." - по што се сврте и замина.