logo

# Сатира

ЗАЕВ: 11ти Октомври е еден од нашите омилени празници!

насловна слика

„Да, по инспиративниот настан при чествувањето на 80 години од народното востание на Могилата на непобедените или популарно кажано 11ти Октомври - кој е и еден од нашите омилени државни празници, ние како влада решивме освен многуте измени во учебниците за основно и средно образование да направиме мали интервенции, скоро незабележливи промени во бајките на браќата Грим,  а и во сите други книжевни дела.

Имено, нашата држава треба да се гордее што во иднина најмладите во дигиталните книги нема да читаат за лошата вештерка, туку наместо неа злобниот лик ќе биде заменет со ликот на новиот антагонист Иван Јованоски, Левичар од градот под Марковите кули за кој граѓаните сметаат дека треба да биде спален на клада заради сквернавењето на оваа влада и едногласни се во мислењето дека ова е лош пример за најмладите во нашата држава. На граѓаните им ветувам дека решението со клада многу бргу ќе го спроведеме во целост и им благодариме од сѐ срце што несебично нѐ поддржуваат. Да живее 11ти Октомври, омилениот државен празник на владата!“

Рече Заев и тргна на пат кон „Могилата на победените“, односно новоизградената психијатриска приватна клиника веднаш до седиштето на владата.

Остануваме на терен!

 

 

Коментари

Зоран

а модуларна психијатрија, или тврда градба…..чисто да имаме некоја надеж


Остави коментар