logo

# Сатира

Задоволен пациент на Жан Митрев тврди: Со диетата на академикот за 2 години изгубив 20 000€

насловна слика

Долгогодишен пациент на академикот Жан Митрев, кој во овој момент сакаше да остане анонимен, денес застана во одбрана на својот нутриционист и го прикажа како вистински професионалец кој многу му помогнал во борбата со вишокот евра.

 

- Знам дека овие денови е модерно да се плука по академикот, но искрено да ви кажам моето искуство е беспрекорно. Еве втора година како ја држам неговата диета и веќе сум во минус 20 000 евра. Тоа се пари кои да не беше Жан ќе ги потрошев на пороци, луксузи и кој знае уште што. А вака се’ ми оди на диетата! - рече пациентот.

 

Тој додаде дека познава уште многу случаи како неговиот и најави дека веќе собира потписи заедно со своите истомисленици за кривично гонење на сите што во јавноста пласираат невкусни лаги за академикот на Благоевградската академија на неуките.

Коментари


Остави коментар