logo

# Сатира

ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ВО ЕУ ОСВЕН СО ДВЕ ДОЗИ ПРЕСПАНСКИ!

насловна слика

Новата варијанта на вирусот КОВИД-19 продолжува да коси во светот! Нашата влада воведе мерки со кои се забранува влез во трговски центри, спортски сали или меани без две дози вакцина, а сега дознаваме дека "мора две дози за влез" како мерка се користи и надвор од границите на нашата земја.

 

Имено, еден од најистакнатите експерти за здравје и вирологија на Европската Унија изјави дека Република Македонија ќе влезе во ЕУ само со две дози на "Преспански договор" и дефинитивно нема шанса да се дозволи влез без две дози или било каков лажен сертификат.

 

"Две дози минимум. Мислите вие туку така само една доза Prespanski ќе ве среди? Не, не, не се влегува со една доза, сериозни вируси се шират. Мора две дози. И тоа до крај на месецов. После тоа ќе се смени. Ќе ви треба изгледа и бустер доза Преспански. Ако не го направите на време може да се сменат работите и да ви треба и втор бустер, односно четврта доза Преспански. Не смееме да дозволуваме влез туку така. Две дози МИНИМУМ!" - изјави експертот од ЕУ.

Коментари


Остави коментар