logo

# Сатира

ЗАБЕГАН!!!! Путин вели дека Украинци не постоеле пред 1991 година!!!

насловна слика

Дефинитивно забеганоста на Путин не знае за крај!

 

Тој денеска кажа дека Украинската нација не постоела пред 1991 година, а аналогно на тоа вели дека е глупаво да се зборува за тоа дека постоел Украински народ пред 1991 година.

 

"Ајде да го баталиме минатото. Овие Украинциве се држат како слепи за стап за некое минато. Па сите знаеме дека не постоеше Украина пред 1991. Срамота е Украинциве да се гордеат со некоја држава што е БУКВАЛНО помлада од Ријана пејачкана. Не знам зошто се уште се опираат. Украина е речиси Руска, тоа од 1991 до сега е само измишљотина некоја, глумат држава. Не знам зошто не сакаат да ја сфатат вистината дека се глупава држава без историја и дека не постоело Украинци до пред 1991. Ма ајде..."

 

Овој потег беше поздравен од  голем број на невладини организации во Украина кои го окуражија претседателот Зеленски да седне на маса и официјално да потпише документ со кој се вели дека Украинци не постоеле пред 1991, бидејќи тоа е единственото паметно, логично, пацифистично и демократско нешто што може да се направи.

 

Запрашан за неговиот следен потег ако Зеленски официјално признае дека никогаш не постоеле Украинци пред 1991, Владимир Путин одговори:

 

"Е после тоа ќе говориме за тоа дека оваа Украина не постоела пред 2014, а аналогно на тоа не постоеле ни Украинци. Во 2014 направивме анексација на Крим што значи дека оваа нова историја на Украина постои само од 2014. А ако Зеленски го направи прогресивниот потег и потпише дека Украинци не постоеле пред 2014, тогаш ќе одиме кон следен чекор - да кажеме дека оваа историја на Украина постои само од 2022, кога официјално ДНР и ЛНР стануваат независни. Не знам, се надевам дека ќе биде паметен, голем број на невладини организации сакаат да  заврши оваа војна, а слепиот патриотизам на Зеленски ќе донесе милиони жртви."

 

Коментари


Остави коментар