logo

# Сатира

ЗА ЖИВОТНИТЕ ДА НЕ СЕ ОТФРЛЕНИ - Новата химна ќе биде со звуци од крави и говеда!

насловна слика

Конечно, супер вести што ќе донесат еднаквост меѓу луѓето и животните!

 

Со цел животните да се чувствуваат среќно, владата најавува дека новата химна ќе има звуци од животни во неа!

 

"Видете, сите знаеме дека кравите даваат повеќе млеко кога се среќни. Затоа, мора да ги задоволиме и репрезентираме во химната. Новата химна ќе бидат звуци од говеда, крави и други животињи со цел да се долови дека сме држава што се грижи за животните. Овој потег ќе биде пофален од страна на сите странски држави, а воедно веруваме дека лесно ќе се памети новата химна. Ова би требало да е она вистинското што ќе ја направи државава вистинска!" - изјави висок претставник на владата, а ние бевме задоволни, бидејќи вообичаено претставниците на владата се под 170 цм.

Коментари


Остави коментар