logo

# Сатира

За учениците да не заостануваат со материјалот: Бугарија ќе ни ги даде своите учебници по историја

насловна слика

Одлични вести за сите ученици кои ја започнаа новата учебна година без учебници!

 

Mинистерот за образование, Јетон Шаќири, најави дека во соработка со неговите колеги од бугарското министерство за образование, успеале да најдат начин како делумно да го решат проблемот со доцнењето на учебниците и да им помогнат на учениците да не заостануваат со материјалот.

 

  • Колегите од Бугарија ни дадоа понуда што не се одбива! Поточно, ни ги подарија сите нивни учебници по историја без никаков надомест, што ние, нормално, го прифативме со две раце. И на крајот на краиштата, зошто да печатиме нови учебници, кога во бугарските веќе го пишува тоа што ќе го договорат историските комисии? – рече министерот Шаќири.

 

Како што дознаваме од извори блиски до МОН, учебниците во моментов се товарат во вагони на железничката станица во Софија и уште денес ќе бидат тргнат на пат кон Нашата Земја преку пругата Софија – Скопје.

Коментари


Остави коментар