Одлични вести за сите ученици кои живееја во страв дека новата учебна година ќе ја започнат без учебници и со тоа ќе заостанат со материјалот.
Mинистерот за образование, Јетон Шаќири, денес соопшти дека на предлог на неговите колеги од бугарското министерство за образование, кои му понудиле великодушна донација на учебници по историја за осново и средно образование, кризата со доцнењето на учебниците е надмината, па сега тој може да се фокусира на решавање на поситните проблеми во министерството.
- Колегите од Бугарија ни дадоа понуда што не се одбива! Поточно, ни ги подарија сите учебници по историја без никаков надомест, што ние, нормално, го прифативме со две раце. И на крајот на краиштата, зошто да печатиме нови учебници, кога во бугарските веќе го пишува тоа што ќе го договорат историските комисии? – рече министерот Шаќири.
Како што дознаваме од извори блиски до МОН, учебниците во моментов се товарат во вагони на железничката станица во Софија и уште денес ќе бидат тргнат на пат кон Нашата Земја преку пругата Софија – Скопје.