logo

# Сатира

ЗА НАВИСТИНА ДА СОЗДАДАТ ГУЖВА: ДПМНЕ ќе ги блокираат кладилниците!

насловна слика

Откако планот за блокирање на раскрсниците не им успеа - членовите на ВМРО-ДПМНЕ решија со нова тактика да стигнат до... до.... власта? До... иритирање на граѓаните? До... што и да им е целта!

 

Имено, тие ќе ги блокираат кладилниците и кафаните, места каде ќе создадат најголеми блокади и проблеми!

 

"Пробавме да ги блокираме раскрсниците... ама автомобилите се скапи овие денови, а ретко кој има работа. Затоа решивме да ги блокираме граѓаните таму каде што најмногу ќе ги боли - во кладилниците и кафаните! Затоа, од следната недела во секоја кафана и кладилница ќе има по пет членови на ДПМНЕ кои ќе пеат партиски песни се додека не се долови поентата на нашата партија!!!" - беше кажано на денешниот прес на партијата.

Коментари


Остави коментар