logo

# Сатира

ЗА ИНАЕТ НА БИЛ: Мелинда ќе им даде лиценца на сите со нелегален Виндоус

насловна слика

Добри вести за сите Македонци без лиценциран Виндоус софтвер, т.е. за 99% од информатички писменото население во земјава!

 

Мелинда Гејтс, бившата сопруга на Бил Гејтс, реши, за инает на својот бивш, да им подари бесплатна лиценца на неопределено време за сите што нелегално го користат Виндоус.

 

- Не сакав да навлегувам во приватноста, ама 27 години го слушам како ми се жали на луѓето што не плаќаат за да користат Виндоус. Направи милијарди и пак продолжи да го тупи со истиот мубает. Е па сега пола од лиценците се мои, па решив да ги подарам на сите што се заинтересирани. Нека пати скржавиот! – изјави госпоѓицата Гејтс за Кооперација.

 

Преку Скајп се обидовме да го контактираме и Били, за да го прашаме што мисли за потегот на неговата поранешна сопруга, меѓутоа тој имаше проблеми со Виндоус-от, па после неколку часа чекање се откажавме.

Коментари


Остави коментар