Пирошка за секој граѓанин што ќе оди во Србија да се ревакцинира вети Владата по реакциите во јавноста на помошта за српските државјани, која одредени злонамерни критичари ја искористија да започнат шпекулации дека власта повеќе се грижи за туѓите, отколку за своите граѓани.
- Со овој мал гест сакаме да ги демантираме овие небулози, но и да им се оддолжиме на нашите граѓани за доцнењето на вакцините, како и за додатните трошоци на кои ги изложивме. Ќе се потрудиме и на враќање да им обезбедиме барем по еден јогурт, колку да почувствуваат дека нивната земја мисли на нив. - рече портпаролот на Владата.
Пирошката ќе може да се подигне во тампон зоната помеѓу македонската и српската граница со приложување на картон за примена прва вакцина и лична карта или пасош секој работен ден, од 00:00 до 04:00 наутро.






