logo

# Сатира

За граѓаните да бидат здрави: Ковачевски бара консумацијата на чипс да се ограничи на една кеса дневно

насловна слика

Еден чипс дневно по граѓанин ќе биде дозволениот законски максимум доколку Собранието го усвои предлогот што го поднесе премиерот Ковачевски и донесе закон со кој ќе го ограничи дневното внесување на чипсовидни производи, чиј краен резултат, според премиерот Ковачевски, ќе бидат поздрави, но и побогати граѓани.

 

- Забележавме дека и покрај растот на цената на чипсот, апетитот на граѓаните остана ист. За после истите тие граѓани да се жалат дека платата не им стигнува за сметки, за јадење, за лекови... Од оваа причина решивме да ја ограничиме консумацијата на чипс и да им овозможиме на граѓаните поздрав и побогат живот. Нека е честито! - рече г-нот Таче.

 

За сега не е познато колку високи ќе бидат казните за кршење на законот за внес на чипс, но според шпекулациите тие ќе се движат помеѓу 5000 и 10 000€ по фатена кеса чипс.

Коментари

0xnzqQl6DGxkZyhLstNrPy02kcd6oHcla0LZUUFw

СТРАВА


Остави коментар