logo

# Сатира

За гасење на пожарот во кумановскиот суд биле користени докази од предметите против Мијалков

насловна слика

"Комбе со докази од предметите против Сашо Мијалков, кое доцна синоќа, сосема случајно се нашло пред кумановскиот суд кога во архивата започнал пожарот, е единствена причина поради која тој не се раширил на остатокот од објектот и не се случила многу поголема катастрофа" - велат кумановските противпожарни служби, кои по неколкучасовна борба успешно ја локализираа огнената стихија.

 

- Веднаш по излегувањето на терен наидовме на проблеми со цревото и моравме брзо да се снаоѓаме. За среќа во моментот тука се најде едно од судските комбиња за транспорт на докази и сите тие материјали ги искористивме за да ги исконтролираме огнените јазици и да спречиме нивно ширење. Се надевам дека господинот Мијалков нема да ни замери. - изјави командирот на кумановските пожарникари.

 

Судот веднаш му се извини на господинот затоа што уништувањето на доказите значи стопирање на сите случаи против него, а со тоа и негово оневозможување да ја докаже својата невиност, но му вети висока оштета за претрпениот стрес, која ќе биде договорена зад затворени врати.

Коментари


Остави коментар