logo

# Сатира

ЗА ДА ЗАШТЕДИ НА ГРЕЕЊЕ: Затворот во Струга навечер ќе ги пушта затворениците дома

насловна слика

Високата цена на струјата, во комбинација со светската енергетска и економска криза, го мотивираше раководството на казенено-поправниот дом во Струга, на оригинален и иновативен начин да ги намали трошоците за електрична енергија на затворот, но и да им помогне на затворениците полесно да ја одлежат казната.

 

- Темелната анализа што ја спроведовме покажа дека најмногу струја се троши во вечерните часови, пред затворениците да заминат на спиење. Затоа, решивме проблемот да го засечеме во корен и целосно да ја укинеме вечерната смена. Така, освен на струја, ќе заштедиме и на плати за чуварите што работат трета. – изјави управникот на затворот.

 

Ваквата мерка наиде на одобрување кај најголемиот дел од затворениците, дури, имало и тројца доброволци, со иницијали С.М., О.К. и З.К, кои сами се пријавиле целата казна да ја одлежат дома, сѐ со цел затворот да заштеди уште повеќе.

Коментари


Остави коментар