logo

# Сатира

За да се заштити од дождот: Мостот кај Ист Гејт ќе биде прекриен со платна на Личеноски

насловна слика

Поради се' понепредвидливите временски прилики, мостот кај Ист Гејт, кој веќе неколку дена е вон употреба поради пожарот што го предизвикаа несовесни граѓани, а чиј пристап беше блокиран со камени блокови на кои беа насликани уметнички дела, ќе биде целосно обложен со платната на Лазар Личеновски за да се заштити од понатамошни оштетувања.

 

Како што објаснија од град Скопје, платната се пронајдени во некое од депоата на градските музеи и најверојатно немаат некоја голема вредност, па затоа ќе бидат практично употребени, и во исто време, изложени пред јавноста.

Коментари

vsBXEgpjI9fZff7RJU5BaHJweQnwS3B9gHIL3rUm

🤦


Остави коментар