Поранешниот жител на нашата, а од сега жител на Република што не е нашата - Никола Груевски очигледно бил инспириран од потегот за ребрендирање на ДУИ пред постирање на неговиот најнов фејсбук статус.
Во него, се вели дека тој ќе стане поп, и ќе пробува да помага на најзагрозените групи.
"Кога можат ДУИ, можам и јас! Тие во 2001 беа терористи, а денеска се борат за зеленилото. Е па тогаш можам и јас! Јас во 2001 сакав да бидам како познатиот ВМРОвец и познатиот СДСМовец - Љубчо Георгиевски, а денеска, во 2021 ќе почнам нов лист! Ќе пробам да станам поп! Како таков, ветувам дека ќе им помагам на невработените. На луѓето што се оддалечени од својата фамилија. На луѓето без свој дом. На луѓето што не се добредојдени во својата држава. На луѓето што ноќите ги поминуваат сами, тажни и слушајќи ја Лана Дел Реј.
За мене зборам.
На мене ќе си помагам." - објави Груевски.