Се остварија стравовите на премиерот Зоран Заев. Поради премногу нарачани вакцини, македонските граѓани мораат вакцината да ја примаат по повеќе пати. Сето ова е со цел за да не се фрлаат вакцините за кои веќе пари се давало. Таква судбина го снајде и седумдесет годишниот Н.Д. кој вакцината против Ковид-19 денеска ја прими по рекорден 14-ти пат.
„Што да кажам?! Решето ме направија, ми ебаа мајката! Ако уште еднаш ми речат да ме пелцоваат ќе се обесам! Па нека ме пишат после дека сум умрел од корона! - револтирано изјави седумдесет годишниот Н.Д.
За разлика од него, шеесет и девет годишната В.Г. е презадоволна од вакцинацијата.
„Вака ме немаат дупено откако умре мојот Славиша. Прекрасно е. Бог да ги поживее премиерот и министерот за здравство кои нарачаа доволно вакацини. Така се сака народот! - со насмевка на лицето изјави пензионерката В.Г.
Останува да видиме до кога ќе треа вакцинацијата и дали граѓаните ќе куртулат од боцкањето во блиска иднина.