logo

# Сатира

ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ГРЕШКИ: Државната химна се крати на само една строфа

насловна слика

Претседателите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицковски денес во Пржино одржаа лидерска средба за еднаш засекогаш да го решат проблемот со државната химна, која стана причина за раздор помеѓу Македонците откако уште една пејачка го згреши текстот и предизвика нов скандал. 

 

- Доста беа поделби! Време е да погледнеме кон иднината и да им олесниме на помладите. Нема потреба да учат и да ги паметат сите тие имиња во текстот. Доволна е само првата строфа. - се вели во заедничкото соопштение на лидерите.

 

Ова кратење на химната ќе биде само привремено, сѐ додека некој од пејачите не успее да ја згреши и таа строфа што ќе остане, по што текстот целосно ќе се отстрани и химната ќе стане инструменталка.

Коментари

Гостин

Ингушеви му е мајката

Гостин

Ова е сосема коректен и разумен предлог и не треба да биде сатирична вест туку реална одлука на сите влади. Спомнувањето на историски имиња секогаш м,омже да биде проблематично било од историска било од морална точка на гледиште.

Гостин

ако можела една германија да ја скрати на само една строфа може и македонија

Гостин

чисто ради инфо ,Германците ја скратиле првата строфа(Deutshland,Deutschland uber alles) одма после 2 светска војна ,затоа што се сметало дека индиректно е поддржка на нацизмот..... не знам која тоа строфа во нашата химна поддржува слично нешто,па би сакал да ми посочите......


Остави коментар

Архива по датум