Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денес на прес конференција ги демантираше шпекулациите дека даноците ќе се зголемуваат и презентираше опсежни анализи и симулации, од кои може да се заклучи дека Владата успеала да пронајде начин како да ја зајакне економијата во услови на светска економска криза.
- Од интерни разговори со министри, функционери, директори на ЈП, градоначалници, па и обични службеници за висината на нивните примања преку мито и корупција, може да се дојде до заклучок дека ова е една од најразвиените, ако не и најразвиена индустрија во земјава. Токму затоа, сакаме да го регулираме плаќањето и да го оданочиме со 15%, за и граѓаните да имаат придобивки од митото што го плаќаат, а не само политичарите. - изјави министерот Бесими.
Експертите со кои разговаравме имаа само пофални зборови за овој нов данок и сметаат дека тој е многу добро осмислен, затоа што во исто време ќе ги мотивира граѓаните почесто да плаќаат мито и ќе го полни буџетот, што пак значи подобар и покомфорен живот за функционерите.