logo

# Сатира

За да нема преморени: Ковачевски предлага работниците да работат 6 часа дневно, 10 дена во неделата

насловна слика

Неоснованите критики на злонамерниците, кои тврдеа дека со новиот сет закони што ги донесе Собранието власта покажала непочит и негрижа кон работниците, паднаа во вода откако премиерот Ковачевски на итна владина седница предложи работниот ден да трае само 6 часа, под услов работниците да работат 10 дена во неделата.

 

- Свесни сме дека темпото со кое ќе мораат да работат за да постигнат 60 работни часа неделно ќе биде жестоко, па затоа решивме малку да ја растегнеме работната недела. Е сега, уште не се знае точно како ќе го изведеме ова, но важно имаме план и знаеме што сакаме! - изјави премиерот Ковачевски.

 

Од извори блиски до нутриционистот на вицепремиерот Маричиќ нашата редакција дознава дека ова ќе биде решено со нов закон со европско знаменце, со кој неделата за вработените во Бехтел и Енка ќе трае 11 дена, од кои 10 ќе бидат работни, а еден неработен.

Коментари

wD3BXJmNXnT0Bi2PMOcs9ajK5wtlSWuScJrVNzqI

Хаха ха хаааа 🤣


Остави коментар