logo

# Сатира

За да не се жалат граѓаните: Владата ќе ја намали цената на гробните места на 500 денари

насловна слика

Гробни места со фиксна цена од неверојатни 500 денари, обезбеди Владата за сите граѓани што не се задоволни од експерименталниот третман на кој биле подвргнати од академикот Жан Митрев и ги повика потенцијалните мртовци навремено да се пријават за да си ја резервираат саканата локација.

 

- Целта на оваа вонредна мерка е да им даде надеж и да им го олесни задгробниот живот на граѓаните. Парите за субвенционираните легла се обезбедени од европските фондови, па може слободно да кажеме дека ова се првите придобивки од прифатениот француски предлог. Да ни се множат! - рекоа од Владата на Нашата Земја. 

 

Оваа одлука доаѓа по денешната изјава на министерот за здравство, Беким Сали, кој ги искара граѓаните дека се жалат само кога цената на експериментите што се вршат врз нив е висока, а молчат кога случајот е обратен.

Коментари


Остави коментар