Нова промена што го доближува човештвото еден чекор поблиску до прекин на поделбите!
Имено, Мила Царовска најави дека во учебниците по "Историјата нема да се прекине како предмет, ама нема да постои повеќе хаха ај да не ти објаснувам сега друг пат ќе збориме хаха" нема да се учи за партизаните.
"Доста беше поделби. Децата учат за Партизани? А што ако децата навиваат за Црвена Звезда? Дали ова значи дека Партизаните се подобри од Звездашите? Не е убаво да ги учиме децата од мали години за стереотипи што поделуваат. Затоа, нема да се учи за партизаните, а богами нема ни да се учи за работничката класа, освен ако не се воведе и учење за МЗТ класата."