logo

# Сатира

ЗА ДА НЕ СЕ ЛУТАТ ГРЦИТЕ - Секој со ЛГБТ знаме ќе биде уапсен!!!

насловна слика

Зоран Заев повторно со потег што можеби ќе му донесе Нобелова награда за мир.
 

Имено, тој денеска попладне ќе потпише закон според кој секој што ќе на престојната "Прајд парада" со себе ќе го носи знамето на ЛГБТ заедницата ќе заврши во затвор!

 

Да, знамето на ЛГБТ заедницата е нелегално, а причината за тоа, како што вели Зоран Заев е "да не се налутат грците" - ја пренесуваме неговата изјава во целост:

 

"Се знае што е нашето знаме. Осум краци жолто сонце на црвена позадина. Не сакам да видам луѓе во туѓи знамиња. Во договорите што ги имаме потпишано за прекинување на неправдите и конфликтите, јасно пишува што е нашето знаме. Секој што во нашата земја ќе има знаме што НЕ е официјално на нашата држава ќе заврши во затвор. Не знам што е нејасно тука. Дали сакате да пафтате некое неофицијално знаме на државата што никаде не стои како официјално знаме на нашата Република или сакате да добиеме 500 евра плата за 3543 години од сега кога ќе влеземе во ЕУ?!?! Ма ајде ви се молам, да бидеме рационални. Оставете ги знамињата во плакарот, каде што и припаѓаат."

Коментари


Остави коментар