logo

# Сатира

За да не се избере диктатор - ВЛАДАТА САКА ДА СЕ УКИНАТ ИЗБОРИТЕ!!!

насловна слика

Изборите се опасна работа.

 

Хитлер бил избран на избори. Ким Јонг Ун е избран на избори.Путин е избран на избори.

 

Затоа, нашата влада има предлог - УКИНУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ!

 

"Опасноста од тоа да се одбере некој авторитативен лидер што сам ќе сака да владее засекогаш е преопасна! Замислете ако утре на власт дојде некој што сам ќе си ги толкува законите како сака? Замислете утре некоја партија да има свој претседател и свој премиер? Замислете ако утре, благодарение на тие избори утре на власт дојде некоја партија што сама ќе си го менува уставот како им одговара без притоа да се грижат за гласовите на мнозинството и сами си формираат влада иако не собрале мнозинство од гласовите??? Забегана работа!!! Затоа, ќе пробаме да ги укинеме изборите, бидејќи опасноста од тоа да дојде некој сериозен диктатор на власт е преопасна. Еве, глеаш у Италија? Женски Мусолини одбрале!!! Забегана работа батец, изборите се преопасни, не смееме да ризикуваме!" - изјави член на владата во разговор со нашиот сајт.

 

 

Коментари


Остави коментар