logo

# Сатира

За да не се бунат мрчаторите: Домашниот притвор на Рашковски преиначен во уличен притвор

насловна слика

На идеја на премиерот на Владата, Зоран Заев, а со цел да се замолчат критичарите и хушкачите, Кривичниот суд во Скопје денес го преиначи домашниот притвор на Рашковски во уличен и му дозволи да го „одлежи“ таму каде што се чувствува како дома.

 

- Драги го знам од мал и од секогаш важел за дете на улицата. Таа е негов втор дом одамна и ако има два научни докторати, треба да има пет улични. Затоа побарав од судот да му даде шанса санкцијата да ја доврши таму, каде се чувствува како дома. – објасни Заев за Кооперација.

 

Од извори блиски до комшиите на Рашковски, дознаваме дека скитањето на иноваторот по улици има друга, подлабока позадина, како на пример, неговата одлука сиот свој имот да им го препише на децата, кои сега ја користат моќта што ја имаат и го бркаат својот татко од дома, но за сега, се' ова е во доменот на шпекулациите.  

Коментари

GH1id6MHQR8d8B1x1JwvFBAvPCLTfOoSNId6kgU9

Легенда си жими се 😁

ps60yUY2wiwhTRQXSPn759wWE8Sr5GYAm7rabhXb

Сатирата е оддличен приказ на реалноста ! Кој ја чуствува - добро ! Кој не, тоа е, персонален проблем !

Зоран

Zakon si.

qV0nvYllweupzTPryFqjkKgFlt4cdDj6HiIxkptR

да да, Драги го паметиме од улица, мајстор за праење шлајки и одличен играч со џамлии, додуша често го фаќаа како краде кајсии од комшискиот двор( нормално зелени) па му останс проблемот со брза столица( тнкосерец по нашки), не е чудо да е сликан како бара некое скришно местенце да се олесни( се приметуе како е убрзан на дотичнава слика)….. со надеж дека ќе најде некое ливче од весник, поздрав до него


Остави коментар