logo

# Сатира

За да не протестираат за повисоки плати: Богоев им понудил по 20€ мито на цариниците

насловна слика

Новиот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој како докажан менаџер постави нови стандарди во водењето на локалната власт и со тоа искуство се нафати ја преземе директорската фунција во време кога вработените најавуваат протести за повисоки плати, денес ја донесе и својата прва одлука со цел да ја смири топката и да ги одврати цариниците од нивните намери.

 

Како што дознаваме од нашиот дописник кој случајно се најде на еден од граничните премини патувајќи на сезонска работа во Хрватска, предлогот заинтересирал дел од цариниците, кои изјавиле дека се отворени за оваа понуда, но под услов да се испреговара „поразумна“ цифра за митото.

Коментари


Остави коментар