Најзелената и најзрелата партија во Република Македонија - Демократската Унија за Интеграција веќе го најави својот прв план од нивната нова т.н. "зелена" програма.
Тие нема да одат во собрание за да ја заштит околината!
'Знаете ли колку се загадува околината секогаш кога со автомобил или со автобус ќе отидете на работа? Знаете ли дека правите проблем дури и кога одите пешки или со велосипед? Најмалку се прави штета само ако седите дома. Затоа, во вистински стил на секоја голема зелена партија - ние нема да влеземе во собранието се додека не се реши проблемот со глобалното затоплување и климатските проблеми." - изјави Али Ахмети.
Следен план на партијата е да пробаат да го решат проблемот со пренаселеноста на планетата Земја. Кога го прашавме Али Ахмети како планира да го реши проблемот со пренаселеноста тој само се насмеа.