logo

# Сатира

За да не блокира поглед кон билбордите: Град Скопје ќе го руши скопското Кале

насловна слика

После векови и векови опстојување како симбол на Скопје и неосвоив бедем за многу непријателски армии, скопското Кале заминува во историјата затоа што зелените од ДУИ се пожалиле дека им го блокира погледот врз нивните билборди.

 

- Знаете како, некој платил пари за тој билборд да се гледа и не е во ред нешто од што немаме никаква корист да стои пред него. Да не се врзуваме со материјални работи, туку да одиме напред. Имаме слики од тврдината, знаеме како изгледа, па нема веќе поента само да зафаќа место. Без неа, билбордите поставени во Центар ќе се гледаат од Чаир. А тоа, нема вредност. - велат од град Скопје.

 

Покрај тврдината и сѐ друго во неа, ќе се руши и целиот рид, поточно цел простор ќе се срамни со земја поради што проектот "Тунел под Кале" ќе стане "Булевар на местото каде што беше Кале".

Коментари


Остави коментар