logo

# Сатира

За да може да патува до Брисел: Бујар Османи му вгради плин на тротинетот

насловна слика

Најзелениот министер во Владата, првиот дипломат - Бујар Османи, продолжува со имплементирање на зелената агенда на ДУИ со нов, до сега невиден изум, кој за прв пат во историјата ќе овозможи тротинетите да се користат на долги релации.

 

Се работи за иновацијата плински тротинет, која е патент на министерот Османи и неговиот автомеханичар, мајстор Африм од Студеничани, и која според нив ќе направи револуција во транспортот на вработените во МНР, кои во иднина ќе патуваат на самити и приеми со ова превозно средство.

 

Османи соопшти дека овие тротинети нема да се возат на македонските патишта поради состојбата во која тие се наоѓаат, па при подолги патувања, како на пример од тука до Брисел, тие ќе се транспортираат со камион до Табановце и од таму ќе продолжат кон крајната дестинација.

Коментари

OPJYyuGGrkdaJUTQ1zcygaACbDZMYQ6niuoIFuWr

ма нема потреба, Зоки све има изградено, путеви, аутопутеви, локални итн итн..... кажа он на една српска телевизија....само не прецизираше у која држава се изградени...хахахха

Ана

ke vozi po gon kenedi vo chair

Зоран

а ако прави БУУУМ,, кој че го мења ова говедо, хахахха...

LoCzecCNcTmdLVA4BWQlHNqK0EcvJFaFkAVUGI56

А за да не се измори стоејки на толку далечен пат, плинската боца ќе ја користи и како седиште.


Остави коментар