logo

# Сатира

За да ја преживеат зимата: Разрешените директори ќе добиваат социјална помош од државата

насловна слика

„Десетици директори што последниве неколку дена беа разрешени или сами одлучија да ги напуштат функциите од скопските јавни претпријатија, ќе добиваат парична помош во износ од 1000 евра месечно за да ја преживеат зимата.“ – соопшти денес министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

 

- Во прашање се господа кои навикнале да живеат на висока нога и имаат големи трошоци за одржување на нивните имоти, па после сѐ што направиле за државава, не е во ред да ги оставиме на улица. Мораме да им дадеме најмалку една година да се привикнат на новата реалност, барем додека да им најдеме нови функции. – изјави министерката.

 

Покрај паричната помош, секој довчерашен директори ќе добие на располагање и службена картичка без поставен лимит, како и два до три службени автомобили, но само еден личен шофер.

Коментари


Остави коментар