Еден милион евра, народни пари, ќе потроши министерството за екологија на нови службени возила на струја, со цел да заштеди доволно средства за да ја покрие дупката од 600 000 евра која денес сосема неочекувано се појави во буџетот и ги потсети граѓаните дека имаат министер за екологија на кој не му го знаат името.
- Знаете како викаат, фрли рипче за да фатиш крапче. Во нашиов случај рипчето е малку поголемо од крапчето, ама важно ќе добиеме модерни возила што не загадуваат и во исто време штедат пари. - рекоа од министерството за кое до денес мислевме дека е само мит.
За сега не се знае за која марка ќе се одлучат првите еколози во државава, но во секој случај им посакуваме удобно полнење на дупката во буџетот.