logo

# Сатира

За да ја поддржи Мила Царовска: Коста Петров ги запали сите свои книги

насловна слика

Директорот на фондот за иновации, Коста Петров, кој во минатото работеше како мултимедијален уметник, лајф коуч, мотивационен говорник, но и многу други непостоечки професии, се приклучи во војната што министерката за образование Мила Царовска ја почна со хартиените учебници и книжарите така што го запали сиот книжевен свој опус пред очите на јавноста.

 

За време на свеченото палење на книгите, тој истакна дека освен за да ја поддржи Царовска, ова го прави пред се' за природата, затоа што таа е најголемата жртва од производството на хартија.  

 

- Зошто да сечеме дрвја за да добиеме хартија? Дрвјата треба да се сечат за убави работи, како билборди, булевари, скверови, а не за книги или не дај боже, за учебници. Што е ова, 16ти век па да се однесуваме како варвари?! - изјави г-нот Петров додека го потпалуваше огнот со учебници за основно образование.

 

На овој перформанс, свој придонес даде и премиерот Зоран Заев, кој ја донесе својата најомилена, и најверојатно, единствена книга што ја прочитал, „Зоки Поки“, и ја фрли во пламенот, со истата страст со која фрлаше балони со боја врз министерството за правда

Коментари

XpQN1JXcjdZkvnbLXXWnosKSxXU40PopBFI7i3bO

а го фрли ли индексот од факултетот за лаги и превари…..прашање до Зоки еб..цот

ZgRZ2kY37dbEV7CxzSAKnWig3OJY8RKVX10RAXV2

Хахаха, ма ни таа не ја прочитал, поклон му е за 18-ти роденден од другарчињата од 2-б…. затоа му е најомилена


Остави коментар