logo

# Сатира

За да им помогне на граѓаните да ја преживеат кризата: Владата ја замрзна цената на јажињата

насловна слика

Одлични вести за сите граѓани од сиромашна вероисповест.

 

Владата на денешната седница едногласно изгласа нов сет мерки за справување со кризата, помеѓу кои се најде, можеби најважната и најпрактичната мерка за сиромашните - замрзнување на цената на јажињата. 

 

- Оваа мерка е доказ дека сиромашните ни се приоритет и дека постојано мислиме како да ги преселиме на подобро место. Направивме се' да ги донесеме пред рајските порти, на нив е само да ги отворат! - изјави видно возбуден премиерот Ковачевски.

 

Покрај замрзнувањето на цената на јажињата, тој соопшти дека веќе е договорена донација од 10 000 јажиња, кои ќе бидат доделени на голема лотарија, во која ќе можат да учествуваат сите граѓани со потпросечни примања.

Коментари


Остави коментар