logo

# Сатира

За да го заштити Груевски: Орбан ги стопираше сите трамваи во Будимпешта

насловна слика

Целосен застој во јавниот сообраќај на главниот град на Унгарија предизвика последниот статус на нашиот поранешен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој преку Фејсбук го обвини својот наследник на партиската функција, Христијан Мицкоски, дека посакувал да го прегази трамвај, што многу го вознемирило неговиот домаќин Виктор Орбан.

 

Поради ова, унгарскиот премиер наредил итно стопирање на сите трамваи во Будимпешта и му доделил дополнително обезбедување на господинот Груевски за да го заштити од 

 

Сѐ додека Груевски е мој гостин трамваите нема да возат. Неговата безбедност е далеку поважна од потребите на граѓаните на Будимпешта и така ќе остане сѐ додека тој не процени дека опасноста да го прегази трамвај е минато. - се вели во соопштението на унгарскиот премиер.

 

Тимот на Кооперација се обиде да стапи во контакт со господинот Груевски за да го праша дали конечно се чувствува безбедно, но тој само кратко ни рече дека ќе нѐ бара веднаш штом заврши со пишување на неговиот најнов статус.

---------------------------

Фото: Press24

Коментари


Остави коментар