Нов предлог од нашите европски пријатели, кој пристигна пред само неколку минути, ги смири тензиите што ги предизвика францускиот предлог и ги помрдна од мртва точка преговорите помеѓу Бугарија и Нашата Земја.
Како што дознаваме, се работи за нова понуда од бугарската страна, во која стои дека тие се подготвени да ги занемарат историските и политичките прашања и да ѝ помогнат на земјава во евроинтеграциите, под услов сите првородени машки деца во наредните 50 години да го носат името Красимир.
- Југословенската пропаганда отиде толку далеку што и едно старо македонско име, како што е Красимир, го забрани и го искорени. Затоа бараме од 1 август 2022, до 1 август 2072 година, секое машко дете што ќе се роди на територијата на Вашата Земја да го добие ова име, за колку-толку да ја поправиме оваа историска неправда. - рече главниот бугарски преговарач од сенка, Красимир Каракачанов.
Доколку нашата страна го прифати ова барање земјава експресно ќе влезе во ЕУ не подоцна од 2072 година, под услов европратениците што ќе бидат избрани од Нашата Земја, да го носат името на овој истакнат деец.