logo

# Сатира

ЗА ДА ГИ ЗАМОЛКНЕ ХЕЈТЕРИТЕ - Заев ќе ја враќа радиодифузната такса!

насловна слика

Добри вести за сите! Ќе се враќа радиодифузната такса која ќе биде задолжителна за плаќање на територијата "Секаде каде што не живеат луѓе со членска од ДУИ"

 

Ова, денеска на прес-конференција го соопшти Зоран Заев, а верува дека со овој потег ќе ги замолкне "троловите" и "хејтерите" 


"Ќе донесам некој очаен закон и одма на твитер и на фејсбук гледам повеќе од 20 стсатуси "e pa ok barem ne plakame radiodifuzna hehehehee" од некои таму паметњаковичи! Па не сакам да ме тролаат на интернет повеќе! Мора тие "e pa dobro, mozebi e loso ama barem ne plakjame radiodifuzna hehe" иронични статуси и твитови да престанат!!! И решив дека најпаметно би било да се вради радиодифузната такса. Така, секогаш кога ќе донесам нов закон сите ќе зборуваат баш за него, а нема да бидат вицкасти и да пишуваат шеги за укинувањато на радиодифузната такса. Верувам дека овој потег ќе ја зголеми дебатата и дискусијата за новите закони и нема повеќе да збориме за некои стари закони како тоа со радиодифузната што го донесов кога бев млад и глупав. Сега сум само едното од двете." - изјави Заев.

 

Ние може само да кажеме дека премиерот делува младолико, така да со последната реченица сигурно имплицирал на тоа.

Коментари

0hYsSgcOLc0C7useSeZvGlJKvHNBiJqHdSbfhy4y

А данок у крв , кога?!!!


Остави коментар