logo

# Сатира

За да ги врати изгубените 7 милијарди: Заев ќе му го позајми бројчаникот од Триумфална на Зукерберг

насловна слика

Милијардерот Марк Зукерберг, кој во само еден ден успеа да изгуби 7 милијарди долари по падот на ФБ и Инстаграм, доцна синоќа контактирал со премиерот Зоран Заев и го замолил да му го позајми бројчаникот од Триумфална на неколку месеци, додека да си ги врати парите.

 

Од ПР службата на Владата информираат дека разговорот траел околу половина час и покрај за бројчаникот, кој премиерот со задоволство го отстапил, се зборувало и за многу други теми што тој ќе ни ги открие на следниот митинг на СДСМ.

 

Бројчаникот ќе биде демонтиран и испратен во Америка деновиве, а поради тоа што наредниве неколку месеци нема да биде во функција таму, од Владата информираат дека привремено ќе запре враќањето на украдените народни пари.

Коментари

mgwrtXiaUIBa23ey645Xpm0pGvpTpwvdpSfGSNjN

Ха ха 🤣 😂 😀

wmO6DAQDTsV5BWW8DT8Vx2327tLVq5uBE0kF6JAx

хахаххаха….добра…

LPpbOmHVF1NIyYecAB2rxsUS0aFU2cXOmpqkGkNY

терапија за ликов?!!

RrhjhY4KzTw6YOm6DoPfrL58JtrNHv1jkW9vd7HX

немат


Остави коментар