logo

# Сатира

ЗА ДА ГИ ПРЕМИСЛИ: Владата им нуди мито на младите кои сакаат да се иселат поради корупцијата

насловна слика

Поткуп во износ и до 100 евра во денарска противвредност им понуди Владата на оние 90% млади, кои во неодамнешното истражување на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) изјавиле дека една од причините поради која сакаат да се иселат од земјава е корупцијата на секое можно ниво.

 

- Свесни сме дека се работи за млади лица, на кои сѐ уште им врие крвта и не се баш способни да носат вистински одлуки, па сметаме дека со мал поттик можеме да го смениме нивното мислење. Затоа подготвивме акционен план со кој ќе работи на задржување на младите во земјава. За нас бројката од 90% млади кои сакаат да се иселат е неприфатлива и затоа спремни сме да понудиме и по 100 евра за таа да се намали. - рече премиерот Ковачевски, инаку идеен творец на планот.

 

Младите со кои разговаравме ни рекоа дека се збунети и не знаат како да се постават кон оваа понуда, затоа што, со исклучок на изборните циклуси, тие секогаш биле страната која го давала поткупот и ова е прв пат во историјата на Нашата Земја државата да им нуди мито нив.

Коментари


Остави коментар