logo

# Сатира

ХОЛИВУД ЌЕ СНИМА ФИЛМ ЗА АПАСИЕВ И ПОЛИАЦЕЦОТ! Киану Ривс ќе биде Апасиев!

насловна слика

Сепак, по кој знае кој пат* Зоран Заев се покажува како човек што ја говори вистината! Навистина референдумот бил за влез во ЕУ, НАТО, Холивуд, НАСА и Елон Маск.

 

Конечно, за нашата држава ќе се чуе и во Холивуд!

 

Причината за ова е што позната продукција од Холивуд ќе ги откупи правата за ситуацијата со Димитар Апасиев и полицаецот, што впрочем е главна тема на разговор во државава деновиве.

 

"Оваа приказна има се. Забава, возбуда, напнатост, драма, пресврти и квалитетна акција. Веруваме дека со вистинските актери, сценаристи и искусен режисер зад овој проект дека можеби и филмот ќе добие Оскар. Сметаме дека ова е токму тоа што му фали на Холивуд!" - изјави Боб Вајнштајн, познат прдуцер во Холивуд.

 

Се уште не се знае кој ќе го глуми полицаецот, а според шпекулациите, Киану Ривс ќе го глуми лидерот на ЛЕВИЦА.

 

 

*= во меѓу време проверивме и дознавме. Прв пат било ова

Коментари

XO0GKyN445H29URmBDj69vQ3fqKbKhp1WVLa7NL4

Ahaha, bravo


Остави коментар