logo

# Сатира

ХЕМОФИЛТРАЦИЈАТА ЌЕ БИДЕ БАГАТЕЛА!

насловна слика

„ Точно е, новата цена на хемофилтрацијата достигнува до неверојатни 500 денари! Навистина сметаме дека ова е период каде навистина треба да се штеди, а здравствените услуги да се достапни до сите. Со оваа багателна цена граѓаните ќе можат да се филтрираат, хемофилтрираат како и да ја применат најновата метода на самохемофилтрација.

Сега ќе објаснам да им биде појасно на граѓаните и да бидеме и ние што е можно потранспарентни. Бидејќи сме со пола чевел во воздух на чекор пред улицата на дворот на велелепната ЕУ – ние просто мораме да размислуваме во евра, а ништо помалку од 10 евра не може да биде прифатливо! Не во рамките на ЕУ!

Затоа Др. Жан Митрев ќе ја плаќа разликата, односно на некој начин ќе ги асимилира 500те денари во 10 евра и тоа за сите граѓани, сѐ со цел да покаже дека ЖИВОТОТ НАВИСТИНА НЕМА ЦЕНА.

И тоа не е сѐ!

На празниците како Илинден, 11-ти Октомври, 2-ри Август... или тоа беше исто Илинден... хм.. не е важно – важно на таквите празници хемофилтрацијата ќе доживува своја промоција и експанзија, ќе се надградува во сите сегменти и на граѓаните ќе им овозможи за само 500 денари да се хемофилтрираат или самохемофилтрираат дури тројца! Доколку пак сите тројца се членови на истото семејство, гратис филтрирање на било кој начин добива четвртиот член на семејството – а кај четворица, таму и пет!

А... да... истрагата продолжува , никој не е недопирлив“.

 

Порача сегашниот министер за здравство, нѐ поздрави и се упати во најблиското кафуле каде во друштво со Академик Др. Хемофилтричар го чекаше бившиот министер за здравство...

Коментари


Остави коментар