Српскиот претседател Александар Вучиќ со предлог до земјава што би требало да ги израдува сите граѓани!
Според него, единствен начин за да има прогрес во Македонија е да се смени името повторно, но овој пат да се додаде "Охридска Архиепископија" во заграда. Според ова, ќе се зацврсти идентитетот на МПЦ-ОА и ќе нема сомнежи чива црква е МПЦ-ОА.
"Мислите дека Охридската Архиепископја нема да се знае чива е ако не збориме за 'зборот на М'? Зошто не го смените името? Станете Република Северна Македонија (Охридска Архиепископија). Така нема да има никаков сомнеж! Веќе еднаш сменивте име, зошто да не го смените пак? Така само го зацврстувате идентитетот на вашата архиепископија!" - изјави Александар Вучиќ.
Премиерот Ковачевски делуваше задоволно од оваа идеја. Го прашавме дали планира да го смени името на земјава за да се зацврсти идентитетот на нашата црква, но тој не одговори ништо освен - "Нема да кажам ништо. Само ќе ви одговорам дека прееска зборев со Канческа, а после ова ќе зборам со Мукоски. Тоа би требало да ти одговори."