logo

# Сатира

Вработени во РЕК Битола бараат Таче во иднина да доаѓа на посета сит за да не им ги јаде сендвичите

насловна слика

Десетици вработени во РЕК Битола денес излегоа на предупредувачки протест пред компанијата за да го искажат своето незадоволство од гестот на премиерот Ковачевски и неговата придружба, кои им ги зеле нивните сендвичи од мензата и ги оставиле без ручек.

 

- Бараме владината менза да си ја работи својата работа и да му подготвува на премиерот храна за по пат. Не сме ние должни да го храниме со нашите сендвичи. Затоа следен пат, или да доаѓаат најадени, или не ги примаме! - рекоа штрајкувачите во своето обраќање.

 

И покрај незадолството предизвикано од фактот што останале гладни, тие сепак се заблагодарија до Владата што не го зеле и Маричиќ со нив, затоа што во тој случај без сендвич ќе останела цела РЕК Битола...трите смени.

Коментари


Остави коментар