Почетокот на 2022 значи и почеток на новите мерки на владата кои беа донесени минатата година.
Секако, најконтроверзен деновите е законот за неработење во недела, потег кој со широка прегратка го пречекаа вработените во админситрацијата, особено тие со членска книшка од ДУИ.
"Одличен е проектот за неработна недела. Еве, цела недела си седам дома и не си работам. Порано беше хаос. Ќе дојдам еднаш, два пати или недај боже три пати во неделата. Напорно е. Се будиш, се миеш, се облекуваш и тргаш на работа. Па таму осум саати седиш. Не е лесно. Па некад знае да се случи и да мора да сработиш нешто. Страшно, страшно беше навистина. Навистина ми се допаѓа идејата за неработна недела!' - изјави еден административец кој воедно има и членска книшка од ДУИ.
Ни спушти телефон пред да пробаме да му објасниме дека мерката е "Недела - неработен ден", а не "Неработна недела".
Здравје, битно е да е среќен.