ВОНРЕДНИ ВЕСТИ!!!
Додека ти и татко ти гледавте филм во тишина во вашата соба, тој го прекина твоето скролање на Инстаграм и мавање на лајкови на сите летни слики за да те праша "А бе, овој... глумецов... речи го бе... како се викаше... го знаеш бе! Речи го... не е овој истиот тој глумец од овој другиов филм шо го глеавме? Овој бе..речи го.. го знаеш бе...мора да го знаеш го глеаше и ти филмот...речи го бе.. го знаеш! Еве да го видиш ќе ти текне ама ете, мозокот ни е укочен сега... ама... овој, глумецов... истиот е тој од другиот филм бе? Тој е? Брееј ама остарел еј..."