logo

# Сатира

ВОНРЕДНИ ВЕСТИ! НЕМА ДА ИМА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ!!!

насловна слика

Никој не го очекуваше овој пресврт на настаните!!! Владата на НЗ денеска објави дека сепак ќе се укинат локалните избори!

 

Овој потег е проследен со многу честитки од ЕУ, НАТО, САД и Грета Тунберг.

 

"Нема потреба за трошење на пари. Нема потреба за да го одземеме времето на луѓето кои планираат да гласаат. Времето е пари. А да не збориме за илјадниците дрвја што треба да умрат за да се направат гласачките листови за гласање. Едноставно нема ниту една поента зошто да се одржат локалните избори.

 

Затоа, наместо граѓаните да решат, следните градоначалници на градовите и општините во државата ќе бидат решени од страна на Елизабета Канческа и Крсто Мукоски. Како и сите други проблеми во државата. Нема причина за гласање, устав или демократија. Крсто и Бети знаат се!" - беше изјавено на прес за медиумите.

Коментари


Остави коментар