Звучи неверојатно но сепак е вистинито!!!
После серија од 3641 денови по ред, денеска на плоштадот "Земјава" не пропадна НИТУ ЕДЕН камион, камионче, возилче или друго возило!!!
"Јас сум шокиран. Дојдоа луѓе од Азија, патуваа од Јапонија до тука. Им ветив дека ќе им покажам како паѓа камион во дупката на плоштад. Секој ден ова се случува, решив да направам пари. Доаѓаа луѓе, се сликаа со пропаднатиот камион, дупката стана туристичка атракција. Ама ете, денеска не се случи ова. Шокиран сум!" - изјави еден граѓанин кој нудел туристички тури на грѓани од целиот свет.
Останува да видиме дали овој нов тренд ќе трае подолго време и дали ут...
Ах, не, се извинуваме, додека го пишувавме овој текст сепак падна ново камионче во дупката на плоштад.
Сепак овој период не траеше долго.