ВОНРЕДНИ ВЕСТИ!!!
Екипата на Кооперација ЕКСКЛУЗИВНО дознава дека човек што последен пат бил релевантен пред 10+ години има став за некои актуелни случувања!
"Да, вистина е. Имам став. Десетина години не бев релевантен и не се појавував по телевизии. Арно ама, ми снемаа пари, а и ме уценуваа едни моќни луѓе. Сум им требал овие денови нешто, им снемало други луѓе. И еве, се враќам во медиумите да кажам пар работи. Ме викнаа на неколку дебатни емисии и на неколку разговори по медиуми. Не се грижете, ни јас не сакам пак да се замарам со политика. Моите денови во политиката се готови. Ова го правам само за брз кеш. Да помине некое време и пак ќе ме снема и ќе заборавите дека воопшто пак сум се вратил во медиумите. То ест, нели, ќе ме снема ако планот испадне добар. Ако не, можно е пак за пар месеци да се вратам со уште неколку интервјуа. Него... извини, сеа имам следно интервју, дали може да ми кажеш, која партија беше на власт сеа? Телевизор неам запалено од последен пат кога бев релевантен, па не знам ни шо се дешава у земјава." - изјави личноста во разговор со еден од нашите новинари.