logo

# Сатира

"Воин на коњ" ќе се преименува во "Бугарин на коњ"

насловна слика

Е ако ова не донесе одличен стандард и супер услови за живот во Нашата земја, навистина не знаеме што ќе донесе!

 

Владата објави дека популарниот споменик "Воин на коњ" ќе биде преименуван во "Бугарин на коњ", а се со цел да се зацврсти пријателството помеѓу двете земји.

 

"Видете, од кај знаеме тој воин на коњ од каде е? Не е Александар! Толку знаеме! Тоа потпишавме дека не е! Значи... може да е било кој друг човек! Од кај знаеме дека воинот не е од Бугарија??? Од кај знаеме дека коњот не е од Северна Македонија??? Не знаеме! Затоа, што ти мења името на споменикот? Ајде веќе еднаш да го решиме проблемот со името на споменикот и веќе еднаш да ги зајакнеме односите помеѓу двете земји!" - изјави преставник на нашата влада.

 

"Ова нема да ги зајакне односите меѓу двете земји" - изјави преставник на владата на Бугарија и продолжи: "Бидејќи тоа е една земја. Ама ајде, за тоа понатаму, ќе му се разјасни на вашиот преставник со тек на време."

 

Браво, добро е да се види дека одиме еден чекор поблиску кон одлични услови за живот, а екипата на Кооперација едвај чека и официјално да се смени името на споменикот за да се договара за средби со зборовите "Ej, eve sum, te cekam pod Bugarot, mu gi gleam jajcata tuka sum, odma pod Bugarot, ajde, dojdi, te cekam"

Коментари

Xq1MTHcgcrgOwqGQMJGuBBPVWno40srKfwF1RwTs

Spomenikot e vrvno remek delo na italijanskite majstori, makedonskiot konj Bukefal izgleda podobro samo na amblemot na avtomobilot Ferrari.

Xq1MTHcgcrgOwqGQMJGuBBPVWno40srKfwF1RwTs

Aleksandar e Makedonec spored kamenite natpisi na staro makedonsko pismo vo Ohrid


Остави коментар