Грешката што ја направија припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со неоправданото апсење на докажаниот претприемач, Дрин Ахмеди, по сѐ изгледа многу брзо ќе биде поправена откако Владата на вонредна седница донесе одлука во пакет со Соравија да му го подари и ГТЦ, во знак на извинување за траумите што ги преживеа на неколку часа пред почетокот на новата година.
- Сите добро знаеме дека ГТЦ долго време пропаѓа, па најдоброто решение е да му го подариме на млад и способен бизнисмен кој ќе му го врати стариот сјај. А тоа што со овој подарок ќе го вратиме мирот во коалицијата и ќе му го истераме ќеифот на дедото е само плус. - рече премиерот Ковачевски, кој лично му ги подари клучевите од ГТЦ на младиот Ахмеди.
Од она што го дознаваме, истрауматизираниот претприемач не бил баш најзадоволен со подарокот, кој предвидува во негово владение да падне само ГТЦ, па за да покаже добра волја, Владата му понудила во пакет со трговскиот да му ги подари и зградите што се дел од него.